Рочиште за нападот врз Села

Алими: Толпата бараше шиптарска крв и ги извикуваше имињата на Заев, Џафери и Села

Абдулфетах Алими, од собраниското обезбедување кој е обвинет во групата за 27 април, денес од притвор од Истражниот затвор во Шутка беше спроведен како сведок во судскиот процес за убиството во обид на Зијадин Села.

Алими во судница од десеттемина обвинети препозна двајца за кои рече дека ги видел во прес салата на Собранието. Пред судот сведочеше дека луѓето кои биле дел од толпата биле насилни, фрлале со разни предмети, ги извикувале имињата на Заев, Џафери и Села и, како што рече, барале шиптарска крв. Сведокот посочи дека за време на настаните забележал едно лице качено на стол кое, како што рече, ѝ командувало на групата кого да нападне, но бил со фантомка на глава. За лицата кои го тепале Села, Алими рече дека видел човек во бела маица како го удира Села со нога во стомакот, но на неговиот лик, рече дека не се сеќава и додаде дека се сеќавал на зборовите „оставете го човекот е мртов“.

„Од Клубот на пратеници јас и уште две лица го однесовме Села во бифето, му дадовме прва помош и баравме доктор. Ја држевме вратата оти толпата сакаше да влезе внатре, а за да ги тргнеме луѓето гласно извикувавме дека е повреден полицаец. Села беше целиот во крв, само тивко праша ‘каде ме носите’, јас му одговорив дека сум Фета од собраниското обезбедување, дека е тој во сигурни раце и дека додека сум јас жив и тој ќе биде на сигурно. Видов дека е тешко да излеземе од тука за да го изнесеме Села оти слушнав како зборуваат дека работата со Села не била завршена“, сведочеше Алими.

По ова тој раскажа дека за да го спасат го скриле под маса и побарал полицајци во цивилна облека. Откако стасале го маскирале Села со капа на глава, му ставиле значка и, извикувајќи дека е полицаец, успеале да излезат надвор и да го качат во блиндирано возило како што им кажал пратеникот Влатко Ѓорчев дека е најбезбедно. По сведочењето на Алими на денешното рочиште за убиството во обид на Села треба да сведочи уште еден член на обезбедувањето, како и пратеникот Мухамед Зекири.

К.Д.

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе