Алијанса/Алтернатива со критики: Овaа влада е антиевропска и штетна за граѓаните, спасот е што побрзо да замине

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алетрнатива денеска излезе со низа критики за Владата, обвинувајќи ги дека се вознемирени за сè, освен за интеграцијата на  Македонија во Европската унија.

Како поткрепа на ваквите ставови на прес-конефернција беа изнесени повеќе причини.

„Оваа влада е формирана врз парадигмата на измамата „албански  премиер“, со што станува извршната власт што го уништила секој демократски и морален критериум за учество на избори;
Оваа влада е резултат на изборите од 15 јули 2020 година, кои за нас се нелегитимни, бидејќи на тие избори манипулацијата на гласовите, кражбата, купувањето и другите форми на нарушување на демократската волја станаа стандард на држава која, барем, официјално се стреми да  биде членка на ЕУ;
Оваа власт му издаде градежно земјиште во вредност од 200 милиони евра на контроверзниот бизнисмен, Дака Давидовиќ, кој спонзорира  антиевропска агенда во регионот;
Оваа влада потполно потфрли со образовниот процес во време на пандемија, а резултатите од овој неуспех ќе ги почувствуваме уште долго во иднина;
Оваа влада предизвика губење на над 60 илјади работна сила, а домашното стопанство дојде на работ на егзистенцијата;
Оваа влада се однесува кон пандемијата во стилот ‘Нека се спаси кој како може!‘, па затоа денес стапката на смртност во РСМ е највисока во  Европа, а имунизацијата е меѓу најниските во нашиот континент;
Оваа влада овозможи да добијат пасоши над 200 меѓународни криминалци, кои се бараат ширум светот, со што потврди дека РСМ стана засолниште на криминалците и дека оваа власт е длабоко вклучена во меѓународниот организиран криминал;
Оваа влада денес може да се ‘пофали‘ само со наркобизнисот, во кој полициските службеници се најблиските соработници на нарко-дилерите;
Единствените списоци каде оваа влада води е врвот на индексите на корупцијата, појава што се покажува дури и при набавка на вакцините;
Знаејќи дека правдата е основната вредност на ЕУ, оваа влада го  стори спротивното – политизација, етнизација и партизација на  правосудниот систем;
На оваа влада НАТО не ѝ ги прифаќа предложените имињата за офицери  во НАТО, заради нивното вклучување во антизападни разузнавачки служби;
На крај, оваа влада има намера да ги злоупотреби и медиумите, со цел  да го задуши слободниот говор и правото на објективно информирање, кои  се основните европски принципи“, беше наброено на прес-конференцијата на Алијанса/Алтернатива.
Оттаму додаваат дека „единствениот спас за враќање на европската агенда е оваа власт да замине што е можно побрзо и да се отвори перспектива за духот на интеграцијата во ЕУ“, како и дека предвремени избори и новото мнозинство може да создадат сосема друга приказна за Северна Македонија во однос на евроинтеграцијата.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе