Прес-конференција

Aлијанса/Алтернатива објави имиња на лица кои добиваат плата иако не работеле во Општина Тетово

Иако градоначалничката на Тетово Теута Арифи изнесе тврдење дека општината има вработено 360 лица, всушност станува збор за 300 лица повеќе вработени со договор на дело, за кои се трошат уште 900 илјади евра, соопшти коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. На прес - конференцијата беа објавени и имиња на лица за кои се тврди дека добиваат плата иако не одат на работа, а некои пак, живеат во странство. Според коалицијата, се работи за „партиските милитанти, за лица блиски на Арифи или блиски на лицата во нејзиниот кабинет.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива објави дел од имињата на лица кои добивале плата, а податоците се добиени од интернет страницата „Отворени финансии“:

„- Албона Меџани Синани, сопруга на Бетим Синани, роднина на Теута Арифи, со договор за дело, добива плата во износ од 15.000 денари месечно. Живее и работи во Германија.

- Руџул Сулејмани, сопруга на Вахид Сулејмани-директор на финансии во Општина Тетово, прв братучед на Теута Арифи. Никогаш нема работено во општината, добива плата во износ од 30.000 денари месечно.

- Арлинд Зечири, бивш министер и функционер на ДУИ, секој месец добива плата во износ од 17.000 денари. Никогаш нема работено во општината.

- Рудина Фазлиу, сестра на Арменд Фазлиу, активист и милитант на ДУИ, вработен во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добива плата од општината во износ од 15.000 денари, иако тој работи во компанијата Ecolog.

- Хидије Цека, сопруга на бивш директор на Јавното Комунално Претпријатие, Џелал Цека, секој месец добива плата од општината во износ од 25.000 денари, а никогаш нема работено во општината.

- Валмир Алили, сопруг на Вјолца Алили, вработена во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добива плата во износ од 15.000 денари, иако не работи во општината туку има приватна компанија.

- Генти Исмаили, брат на Арди Исмаили, активист и милитант на ДУИ, вработен во кабинетот на Теута Арифи, секој месец добива плата од општината во износ од 30.000 денари, а никогаш нема работено во општината.

- Јетон Пустина, вработен во неколку институции, секој месец добива плата во износ од 20.000 денари од општинскиот буџет за да извршува политички и партиски активности по собирите на Теута и на ДУИ“.

Слични листи, со вработени со договор за дело има и во Јавното комунално претпријатие, каде што исто така има многу блиски лица на Теута Арифи и на неговиот сопруг, но, исто така и блиски на други функционери на ДУИ, коишто примаат плата со години, а немаат никогаш отидено на работа, соопшти коалицијата.

За сите овие малверзации и злоупотреби од страната на Теута Арифи, како што беше речено, ќе бидат информирани Обвинителството, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните институции, амбасадите на европските држави и Амбасадата на САД.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе