Локални избори

Алијанса за Албанците: За улично осветлување Струга му плаќа на градоначалникот Мерко

Алијанса за Албанците ги известила Јавното обвинителство и Финансиска полиција дека трансакции oд милиони евра за улично осветлување на Струга всушност се слеваат на сметки на актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Рамиз Мерко и на Армен Кадриу. На прес-конференција Идри Истрефи од партијата нагласи дека станува збор за корупциски скандал од големи размери и ги повика институциите итно да реагираат.

„Станува збор за изнуда и кражба на милиони евра од буџетот на граѓаните на Струга од страна на двојката Рамиз Мерко - Армен Кадриу, а тоа трае неколку години преку една сомнителна концесија со многу законски прекршувања. склучена во вториот мандат на Рамиз Мерко помеѓу општина Струга и приватната фирма за јавно осветлување Сити лајт“, рече Истрефи.

Тој нагласи дека многумина во Струга и досега се сомневале, но дека сега Алијанса за Албанците дојде и до докази.

„Милионите што општина Струга ѝ ги дава на оваа компанија одат директно во џебовите на Рамиз Мерко и Армен Кадриу а за тоа сведочат десетиците банкарски трансакции кои што ние ги обезбедивме и кои ќе ги предадеме на сите медиуми во државата. Ќе им доставиме податоци за датумите, износот и субјектите на трансакциите, но не и оригиналните записи, бидејќи сакаме да ја осигураме безбедноста на изворот. За сите овие трансакции се известени Јавното обвинителство и Финансиската полиција, а за нивното нереагирање ќе треба сами да одговорат“, нагласи Истрефи и повика на итна реакција на институциите.

Истрефи додаде дека станува збор за милионски суми на евра уплатени од Сити лајт „на приватната сметка на Армен Кадриу и неговото семејство и на сметката на привтниот универзитет на Мерко.

„За да биде скандалот уште поголем, Владата во текот на овој мандат исплати 50 отсто од долговите на општините. На општина Струга ѝ беа доделени над 2 милиони евра, додека Рамиз Мерко меѓу десетиците фирми ја избрал токму Сити лајт за одеднаш да и исплати над 1,2 милиони евра од тие средства. Причината се знае“, изјави Идри Истрефи.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе