Партиска реакција

Алијанса за Албанците: Владата да не манипулира, указот на Бајден пред сѐ е за корумпираните

Ја поздравуваме извршната одлука на претседателот на САД Џо Бајден, кој им дава големи овластувања на Министерството за финансии во консултација со државниот секретар, велат од Алијанса за Албанците и додаваат дека наредбата на Бајден одобрува воведување санкции за лица одговорни за корупција во регионот, кои се вклучени во злоупотреба на јавни средства, злоупотреба на приватен имот за лична или политичка корист или вмешани во мито.

Указот на претседателот Бајден ја погодува корупцијата, Владата да не манипулира, соопшти Алијанса за Албанците. Партијата нагласува дека од своето основање е сериозно заинтересирана за расчистување на политичката сцена од такви елементи кои стануваат пречка за развојот на сите нивоа, како и на патот на интеграцијата во Европската Унија.

„Убедени дека коруптивни елементи имало во сите претходни влади како и во сегашната, потврдени и во извештајот на Транспаренси интернешнл, ја оценуваме како несериозна тенденцијата на заменик премиерот за борба против корупцијата како и владата да го сокријат целосниот неуспех во борбата против криминалот и корупцијата, пристапувајќи кон оваа наредба само од политичката призма на Охридскиот и на Преспанскиот договор“, се вели во партиското соопштение и се нагласува дека двата договора за Алијанса за Албанците се неспорни, но и дека примарната цел на наредбата од Бајден се санкциите против поединци кои се одговорни за корупција.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе