Алијанса за Албанците: Со ребалансот на буџетот приоритет се изборите, не економијата

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза се потенцира политичката димензија, а не финансиската и економската димензија на буџетот, велат од Алијанса за Албанците. 

„Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија. Намалувањето на приходите од буџетот во најоптимистичкото сценарио на Министерството за финансии предвидува намалување за 20%, додека истите се планирани со намалување од само 11,5%. Бидејќи сме ограничени во информациите и сè уште не ја знаеме динамиката на рестартирање и отворање на економијата, едноставно се сомневаме дека ова е одржливо планирање на приходите од буџетот”, изјави Елми Азири, претседател на Финансискиот оддел на Алијансата за Албанците.

Според партијата, иако беше најавено зголемување и динамизирање на капиталните инвестиции неопходни за економското закрепнување, тие сепак беа жртвувани, со пад за 4,2 милијарди денари, додека последователните расходи се зголемени за 9,6 милијарди денари.

„Намалувањето на платите и надоместоците за само 0,4% го изразува досегашниот тренд на предизборно вработување и не намалувањето на трошоците за работа (веќе прекинато заради неактивност) на партиските службеници, вработените со договори на дело пред изборите и за стимулирање на партиски активизам.

Не секој поттик за приватна и јавна потрошувачка има економска продуктивност. Категоријата каде има простор за поголеми намалувања се добрата и услугите. Изненадувачки, истите беа намалени за само 1,5% од првичното планирање. Не беа направени заштеди од непродуктивните трошења за да се задржи буџетскиот дефицит барем за 1% помал. Ова секако носи дополнителен товар на фискалниот простор што ќе биде многу потребен во иднина.

За жал, и овој пат имаме прераспределување на средства на политички и воопшто не економски критериуми”, изјави Азири.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе