Алијанса за Албанците: Предвремените избори се добра вест

За Алијанса за Албанците е добра вест што ќе има предвремени парламентарни избори. Портпаролот на партијата Флакран Беџети на прес-конференција рече дека лидерската средба ќе биде прилика за усогласување меѓу партиите како да се одвива изборниот процес.

„По вчерашната вест дека нема датум за почнување на преговори со Европската Унија, денеска е добра вест дека премиерот Заев дал изјава во која вели дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори. За нас како Алијанса на Албанците е прифатлива и ја поздравуваме. Се надеваме дека на утрешната средба лидерите на политичките партии ќе се согласат како треба да се спроведе целиот овој процес. Ние сме убедени дека на државата и треба нов политички легитимитет при што ќе дојдат политички сили што ќе имаат кредибилитет да ја сносат одговорноста и во најскоро време да се добие датумот кој, на некој начин, ги разочара сите наши граѓани“, рече Беџети.

Партијата смета дека новите избори се добри и за промена на власта.

„Ние како Алијанса за Албанците сме подготвени за предвремени избори со силно убедување дека ќе ги поразиме политчките противници, односно ДУИ, кои подолго време – две децении ги претставуваат гласачите Албанци“, истакна Беџети.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе