Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи

Алијанса за Албанците: Даваат оставки по објавувањето на првите индиции за грешки во изградбата на болницата

Од Алијанса за Албанците по поднесените неколку оставки реагираат дека тие коишто пред само 24 часа рекоа дека е време за предизвици, а не за оставки, по објавувањето на првите индиции за трагични грешки во изградбата на модуларната болница во Тетово, даваат оставки. Од таму додаваат дека овие, како што велат, задоцнети оставки се обид да се оправда нефункционалната Влада која мора да поднесе оставка до последниот, тактика на неодговорни функционери за да ја покријат својата вина, брзање да го амортизираат револтот на граѓаните и игра да избегаат од одговорноста. 

„Во минатото видовме случаи што завршија со оставка и во следниот мандат со повторно назначување на истите функционери во други оддели, но без никаква кривична одговорност. Трагедијата во Тетово го потресе светот, избриша 14 животи и ги изгори срцата на сите нас. Овој случај не смее да остане без правда и без одговорност. Го повикуваме Обвинителството да не подлегне во политички игри, да дејствува итно и да не дозволи ниеден од осомничените да избега и да ни се случи „Будимпешта 2", стои во реакцијата на Алијанса за Албанците. 

Попладнево оставки поднесоа Флорин Бесими, директорот на Клиничката болница во Тетово, Заменик министерот за здравство Илир Хасани и Артан Етеми, финансиски директор на Тетовската клиника.

Министерот за здравство, Венко Филипче предмалку на прес-конференција соопшти дека понудил писмена оставка до премиерот Зоран Заев. Тоа го сторил поради трагедијата во Тетово.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе