Aлијанса за Албанците: Молитви за жртвите, сочувство за семејствата, срам за властите

Денес, кога 45 жртви од трагедијата во Бугарија се испраќаат во вечниот дом, го молиме Бога да ги прифати овие души во својата милост и благосостојба, како и да им даде сила и трпение на нивните семејства со кои ја споделуваме болката, се вели во денешното соопштение на Алијанса за Албанците.

„Воедно, изразуваме жалење за начинот на кој оние кои треба да одговараат и да дадат отчет за оваа трагедија, решија да ја продлабочат болката и да ја злоупотребат оваа трагедија со партиски и политички паради. Дрскоста на оваа власт, како и во трагедијата кај Ласкарци, Тетово и многу други, дојде до израз во овој трогателен случај. Роднините  на кои денес им гори душата, имаат потреба за вистината и правдата, а не за претстави и паради на министри, премиери и партиски лидери на кои не им е ни место таму“, соопшти Алијанса за Албанците.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе