По разрешувањето на функционерот Кока

Алијанса за Албанците ќе ја прекине соработката со градоначалничката на Скопје

По разрешувањето на Зуди Енузи од директорската позиција на скопското комунално претпријатие, инаку функционер на Алијанса, партиските органи денеска ќе заседаваат и ќе ја разгледаат состојбата во насока на прекин на соработката со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која одлуката ја донела без да се консултира партијата, велат од Алијанса за Албанците за МКД.мк во телефонски разговор. Утрово генералниот секретар на партијата изјави дека „тука завршува соработката со Данела Арсовска“.

Арбен Таравари, кој воедно е градоначалник на Гостивар, утрово за ТВ 24 изјавил дека инцидентите синоќа се случиле пред приватен хотел во близината на споменикот на „Скендербег“ и дека хотелот е оштетен од демонстранти кои протестираа против францускиот предлог за кревање на бугарското вето пред ЕУ.

Негов личен став е дека градоначалничката Арсовска требало да ја консултира Алијанса за Албанците за намерата да го разреши од функцијата Зуди Енузи Кока, затоа што неговиот брат синоќа имал во раката пиштол. Тој рече дека партијата ќе расправа, но дека според него, тука завршува соработката со Арсовска.

„Не оправдувам користење на оружје, ама тоа беше провокација. Да се демолира хотел, а не ми е јасно зошто баш тој хотел, тоа е провокација. Ама луѓе некогаш реагираат афективно. И други би реагирале така. Пријавено е во полиција за нападот врз хотелот. Енузи го разреши градоначалничката, а не ВМРО-ДПМНЕ“, изјавил Таравари.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците се во коалиција на локално ниво, и оттаму е и партискиот договор за поделба на функциите и на ниво на Скопје. Енузи беше еден од главните функционери на партијата во изборниот штаб за поддршка на Данела Арсовска во кампањата на локалните избори минатата година.

П.Џ.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе