Има ли разногласие во опозицијата

Алијанса за Албанците е за формирање ново парламентарно мнозинство

Алијанса за Албанците смета дека не се можно слободни и демократски избори со оваа власт и додека во неа е ДУИ. Стратегијата на партијата е во Собранието да се создаде ново парламентарно мнозинство, изјавија за МКД.мк од Алијанса за Албанците.

„Ние цениме дека додека е на власт ДУИ не може да има слободни избори. Оваа Влада во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет, ниту пак подготвеност за слободни, фер и демократски избори. Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, кога  граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат“, се вели во кусото соопштение на Алијанса за Албанците.

На наше прашање до службата за односи на партијата дали соопштението е реакција на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој конкретно побара организирање на брзи избори, од Алијанса за Албанците рекоа дека не е реакција, но и дека Мицкоски по соопштувањето на изборните резултати се изјасни дека во Собранието ќе се работи на формирање на ново парламентарно мнозинсто.

„Нашата стратегија е во Собранието да се формира ново парламентарно мнозинство и на тој начин уште еднаш да се делегитимира оваа власт на ДУИ и СДСМ“, одговорија од Алијанса за Албанците за МКД.мк

Од партијата велат дека е сѐ во ред во рамки на албанската опозиција и дека не се нарушени односите со Алтернатива.

 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе