Алијанса за Албанците бара лидерска средба и предвремени избори

Свикување лидерска средба на релевантни политички лидери и од власта и од опозицијата во стил на Пржинските средби на кои ќе се дискутира за најактуелните и најчувствителните прашања во државата, меѓу кои избирачкиот список, Законот за јавно обвинителство, Законот за пописот на населението, за техничката Влада и за предвремени парламентарни избори, бара Алијансата за Албанците.

Елми Азири од Алијанса за Албанците на денешната прес-конференција рече дека Специјалното јавно обвинителство било последната надеж во државата дека еднаш засекогаш ќе почне судството да се дели од политиката и ќе биде професионално тело, што ќе постапува според законите и Уставот во насока на разрешување на крупните криминални процеси.

„За жал, со последниот скандал сите сме сведоци дека судството и политиката се во взаемна соработка и тоа го нарушува и угледот на државата во меѓународната заедница”, изјави Азири.

Тој праша зошто процесите што биле дел од СЈО, како „Пациент“, „Маџар Телеком“, „Титаник 2“ не се процесуирани досега и дали тука има вмешаност и политиката.

„Ние сметаме дека овој скандал, овие последни случувања имаат огромни реперкусии што се однесува до политичкиот живот во Македонија и се гледа дека на некој начин државата влегува во огромна политичка криза и секој ден што поминува таа криза се повеќе се продлабочува”, вели Азири.

Од Алијансата нагласуваат дека тие се заинтесирани за што побрзо да се случат предвремени парламентарни избори и сериозно да се дискутира и да се пристапи кон нивниот предлог СЈО да има обвинител од земјите на ЕУ или од САД, зашто, како што велат, „сите сме сведоци дека судскиот систем во државава нема капацитет, нема слух, нема желба и нема подготвеност да се занимава и да ги процесуира најкрупните корупциски скандали во државата”.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе