Алијанса на Албанците: Обвинителството треба да преземе мерки против челниците на ДУИ

Обвинителството треба да преземе мерки против челниците на ДУИ бидејќи објавените аудио снимки се индикации и докази дека функционерите на таа партија го прекршиле законот, истакна денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Алијанса на Албанците, Флакрон Беџети.

Во име на Алијансата на Албанците како партија тој ги повика институциите, Специјалното јавно обвинителство, што поскоро да ги разгледаат аудио разговорите да ја утврдат нивната веродостојност и што е можно поскоро да се отвори истражна постапка за функционери на ДУИ кои го имаат прекршено законот.

„Овие разговори, независно од начинот и формата како се објавуваат во јавноста, нивната содржина станува загрижувачка, бидејќи протагонисти се политички лидери избрани преку гласање и се повикуваат на легитимитет кај Албанците. Значи, не се обични приватни разговори на обични граѓани, туку се разговори помеѓу официјални претставници и политички лидери. Истите функционери на ДУИ, врз основа на прислушкуваните разговори, ги злоупотребиле своите партиски и државни функции, преку влијание врз изборот на судии,обвинители, претседатели на судови, нотари итн. Исто така од последните прислушкувани разговори се слуша и скандалозниот разговор меѓу лидерот на партијата Али Ахмети и Садула Дураку, во кој говорат за прикривање на убиец кој убил невин човек, а тоа од нив го побарал актуелниот вицепремиер за европски интеграци Бујар Османи“, истакна партискиот портпарол Беџети.

Тој рече дека е потребна политичката одговорност на функционерите на ДУИ.

„Тие вршеле притисок врз функционери за да поднесат оставка, вршеле политички притисок врз одредени медиуми, слушнавме дека постојат снимки од полнење на гласачки кутии за ДУИ, и многу други кодирани разговори кои даваат индикации за прашања кои се јавуваат како енигматични. Албанците во текот на овој период очекуваа дека овие функционери од ДУИ барем да поднесат оставка од морални причини од нивните партиски и државни позиции и да подлежат на правна постапка. Несфатливо и ненормално е однесувањето и молчењето на власта, поточно молчењето на СДСМ и премиерот Заев, кој, како што некогаш ги поштеди функционерите на ДУИ, но изгледа дека тоа се повторува бидејќи сега се покажува индиферентен кон новите прислушкувани разговори и наместо да создава можности и услови за нивно гонење на оние функционери кои го прекршиле законот, изгледа дека овие недели не живее во државава“, потенцира партискиот портпарол Беџети.

Според него нема датум за разговори со ЕУ или интеграција во ЕУ, бидејќи оваа влада која ги амнестирала ДУИ ја држи во залог целата евроатланска перспектива на нејзините граѓани.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе