Бившиот грчки премиер со зборовите на македонски поети

Алексис Ципрас ги цитираше Конески и Мартиновски во порака на поддршка за СДСМ

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски денеска упати видеопорака со поддршка за Заев, СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Фото: Роберт Атанасовски

„Пред многу години вашиот голем поет Блаже Конески напиша: 'Уште рика истата мака во мене, дека сум роден во смачкано племе, сејач на глуво семе'. Но во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, слушам поинаква песна на надеж, од новата генерација на Северна Македонија. Владимир Мартиновски вели: „Купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време.“ Па, и јас, заедно со оваа нова генерација, велам, на 15 јули, купете две векни мир и семе, да го израснеме назад загубеното време, порача Ципрас во својата видеопорака.

Ципрас порача дека три години не се доволни за да се исполнат очекувањата на една земја, но како што докажале Заев, Никола Димитров и социјалдемократите, доволни се за да ја сменат судбината засекогаш.

Во видеопораката Ципрас истакнува дека Зоран Заев „не зборува за минатото, туку за иднината. Тој не зборува за проблеми, туку за решенија. Тој не ги изразува балканските несигурности на мала европска земја што се плаши да ја изгуби својата историја, тој ја искажа европската визија за самоуверена балканска земја што се бори за создавање историја. Не историја со војни, нетолеранција и сиромаштија, туку ново прогресивно поглавје во историјата на европски Балкан, базирано на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда. Иднина во ЕУ и во НАТО, како што избра народот на Северна Македонија“.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе