Катимерини

Александар Велики си најде место во Атина

Статуата на Александар Велики утре официјално ќе биде откриена во центарот на Атина, пишува грчки „Катимерини“, нарекувајќи го антички грчки крал-воин.

Статуата која што е изработена од познатиот грчки скулптор на 20-от век, Јанис Папас, вчера била поставена на крстосницата на две авении во центарот на Атина.

„Одлуката за поставување на статуата на македонскиот крал, висока 3,5 метри, ја донесе Општинскиот совет на Атина, а трошоците се на сметка на семејството на авторот кој починал во 2005 година. Александар умрел во 323 година п.н.е. откако го проширил своето царство од Грција до Индија“, пишува весникот.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе