ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА

Александар Поповски: Протестирам за сите неправдини врз Македонија!

Пред огромниот аудиториумот пред Влада се обрати режисерот Александар Поповски, кој нагласи дека е тука за да протестира за Кежаровски, за автономија на универзитетот, за загинатите полицајци, за затворените студенти, за ГТЦ...

„Кога го затворија новинарот Кежаровски протестирав. Кога се исфрлаат новинари и пратениците од Собрание, повторно протестирам. Протестирав и кога се укинува автономијата на универзитетот, кога сакаа да го обезличат ГТЦ, кога сакаат да има војна, кога гинат полицајци, кога почина Тамара, кога крадат повторно протестирам! Протестирам за сите неправдини кои се направени на Македонија. Ова е граѓанска држава, доста ми е од оние кои влијаат на нашите животи. Немаат право да ни ја земат слободата", рече Поповски предмалку кон насобраниот народ пред Влада.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе