Влада

Александар Никовски, со потпис на Протоѓер добил 217.000 евра за советување на Груевски и други трошоци

Три случаи за набавки, тендери и договори склучени од минатата власт за кои постојат основни индиции дека со нив е направена штета на Буџетот на Република Македонија обелодени денеска Владата.

Првиот случај што го објави владиниот портпарол Миле Бошњаковски се однесува за набавка на авиобилети од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во периодот од 2014 до 2017 година. Утврдено е дека одговорните лица во СОЗР по објавениот тендер за набавка на авиобилети доставувале барање за понуди само до еден оператор, а не до сите како што биле обврзани со рамковните договори. Во овој случај Владата бара од МВР да спроведе истрага.

Вториот случај се однесува на сомнителни набавки во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од страна на фирмата „Атриум“ од Вевчани. Во овој случај постојат индиции дека се користени дампинг цени за стоки и услуги за кои реално се знаело дека нема да бидат набавувани со цел оваа компанија да биде најдобро рангирана во тендерската постапка. Владата бара од МВР да истражи како фирмата „Атриум“ знаела точно кои производи и услуги ќе се набавуваат однапред.

Третиот случај се однесува на договорите за ангажирање на Александар Никовски, Џорџ Р. Пери и Јехшуа Шуки Глајтман за надворешни соработници на поранешниот премиер Никола Груевски. Потписник на овие договори е тогашниот шеф на канцеларијата на Груевски, Мартин Протуѓер. Според Бошњаковски, постојат индиции дека потписот на Протуѓер е во спротивност со членот 6 од Одлуката за формирање на канцеларија на претседателот на Владата.

Бошњаковски како пример кажа дека советникот на Груевски, Александар Никовски, инаку син на поранешниот амбасадор Ристо Никовски, по разни основи добивал пари од Буџетот во висина од 217.490 евра.

Според него, на Никовски, покрај месечниот надоместок од 3.000 евра, дополнително му биле исплатени 30.000 евра за авиобилети, 23.000 евра за угостителски услуги, 5.500 евра за такси-превоз, 2.500 евра за подароци и 6.000 евра за други трошоци. Во овој случај Владата има доставено барање за мислење до државното правобранителство.  

Владиниот портпарол денеска информираше дека е побарана истрага од МВР, како и започнување на постапка пред државното правобранителство.

 

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе