Сојузот на иднината нема да оди на избори во Ѓорче Петров

Александар Наумовски ќе ги тужи Груевски, Ставрески и Сокол Митровски

Ги повлекуваме сите наши контролори, со цел да победат 1.320 спрема 0, колку што има гласачи на тоа избирачко место, за да може актуелниот градоначалник да ги оправда околу 50 милиони евра кои ги нема во општината од 2005 наваму", вели Наумовски.

Александар Наумоски, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, најави дека ќе поднесе кривична пријава против Груевски, Ставрески и Сокол Митровски, поради грубо прекршување на избирачкото право меѓу првиот и вториот изборен круг.

„Изборниот штаб на Сојузот за иднината во општината Ѓорче Петров, одлучи да не учествувам во третиот изборен круг. Ги повлекуваме сите наши контролори, со цел да победат 1.320 спрема 0, колку што има гласачи на тоа избирачко место, за да може актуелниот градоначалник да ги оправда околу 50 милиони евра кои ги нема во општината од 2005 наваму“, вели Наумовски.

Според него, одлучувањето на Управниот суд за Ѓорче Петров е врвен срам за правната држава.

„Управниот суд поништи едно избирачко место поради уцена на гласачите на само едно избирачко место, а кое се случи во МЗ Волково, во која има вкупно 4 избирачки места. Управниот суд одлучил дека ова прегласување ќе влијае на изборниот резултат, па тогаш како е можно другите три места да не бидат поништени“, праша кандидатот за градоначалник на општината Ѓорче Петров, каде што в недела ќе се прегласува вториот круг. 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе