И официјално

Александар Даштевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на ДИК, Мицкоски го предложи ИК го прифати

Александар Даштевски ќе биде новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК), потврди денеска партискиот портпарол, Наум Стоилковски. Како што веќе објави МКД.мк, Даштевски бил предлог на претседателот на партијата Христијан Мицкоски и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што се одржал на 4 јануари едногласно бил прифатен.

„Да, можам да потврдам дека со одлука на последниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Александар Даштевски ја доби поддршката за предлог за нов претседател на ДИК“, рече Стоилковски.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари, а во Собранието започна постапката за избор на нови членови на највисокото изборно тело во државата.

Изборот на членови на ДИК се врши согласно Изборниот законик. Претседателот го предлага опозициската партија која добила најмногу гласови на последните парламентари избори, која има уште еден член во Комисијата.

Инаку, ова нема да му биде првпат на Даштевски да биде во ДИК. Доколку помине во Собрание, би станал по првпат претседател на Комисијата, откако претходно беше член на ДИК во 2006 од редовите на ВМРО-Народна партија. Тогаш претседател на ДИК беше Јован Јосифовски, а ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека составот на Комисијата е партиски.

Освен во ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна, Даштевски бил член и на други два партии кои произлегоа од ВМРО-ДПМНЕ. Во 2009 Даштевски беше член на раководството на Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски, а во 2011 беше член и на кандидатската листа за предвремените парламентарни избори на Демократската десница на Филип Петровски.

Даштевски во периодот од 2000 до 2003 година беше помошник директор на Царина, во времето кога директор беше Драган Даравелски.

Во 2016 пак, е именуван за претседател на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе