Предлогот на партискиот претседател Христијан Мицкоски, Даштевски да биде предложен за претседател на ДИК поминал едногласно на вчерашниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а тој ќе треба да биде избран во Собранието.
Инаку, ова нема да му биде првпат на Даштевски да биде во ДИК. Доколку помине во Собрание, би станал по првпат претседател на Комисијата, но претходно бил член на ДИК во 2006 од редовите на ВМРО-Народна партија. Тогаш претседател на ДИК беше Јован Јосифовски, а ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека составот на Комисијата е партиски.
Освен во ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна, Даштевски бил член и на други два партии кои произлегоа од ВМРО-ДПМНЕ. Во 2009 Даштевски бил член на раководството на Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски, а во 2011 беше член и на кандидатска листа за предвремените парламентарни избори на Демократската десница на Филип Петровски.
Во професионалната кариера на Даштевски стои и функцијата помошник директор на Царина од 2000 до 2003, во времето кога директор беше Драган Даравелски.
Во 2016 пак, е именуван за претседател на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација.
Истата година е избран за директор на Универзитетот Евро Балкан-Скопје каде ги раководи меѓународните и домашните проекти.
Ж.П.Б.