Тирана

Албанскиот премиер Рама ги укина работните визи за Албанците од Македонија и Црна Гора

Aлбанската влада ги укина работните визи за Албанците од Македонија и од Црна Гора, пишува порталот „Балкан инсајт“. Ова е дел од владината политика да ги зацврсти врските меѓу Албанците во регионот, соопштуваат од албанската влада.

Ова значи дека етничките Албанци од Црна Гора и Македонија, еднакво како и граѓаните на Албанија, веќе можат слободно да бараат работа, освен за оние работни места кои се однесуваат само за албанските граѓани.
Претходно, вакво решение кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама донесе и за Албанците од Косово и од регионот на Прешевската долина во Србија. 
Во Црна Гора живеат околу 5 отсто Албанци, главно населени во југозападниот дел од земјата. Стапката на невработеност во Црна Гора е 16 %, но во регионот каде што живеат Албанците таа стапка изнесува 22%.
Албанците во Македонија се најголемото етничко малцинство кое според последниот попис од 2002 година сочинува речиси четвртина од вкупното население. Според некои проценки повеќе од 200 илјади Албанци во потрага по работа веќе се преселиле главно во западноевропските земји.
 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе