Тирана

Албанскиот Парламент го ратификува Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО

Албанскиот Парламент со 130 гласа „за“ го ратификува пристапниот Протокол за членството на Република Северна Македонија во НАТО на пленарната седница која започна со едноминутен молк за жртвите од сообраќајната несреќа на патот Скопје-Тетово, кај Ласкарци. На седницата присуствува и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, и македонскиот амбасадор Данчо Марковски.

Спикерот Грамоз Ручи, како што јавува МИА, изразил задоволство што албанскиот Парламент е меѓу првите парламенти што го ратификува овој Протокол и дека Северна Македонија поминала низ многу предизвици до овој момент.

„Ова пристапување се оствари благодарение на Преспанскиот договор меѓу двете наши соседски земји, Северна Македонија и Грција. Ова не би било можно без политичката волја и храброст и еманципација на Албанците во Северна Македонија. Ми претставува задоволство што Собранието на Република Албанија е меѓу првите парламенти што го ратификуваат овој протокол кој ќе овозможи пристап на Северна Македонија во НАТО. Овој голем чекор беше овозможен преку Преспанскиот договор. Парламентите на двете земји покажаа голема политичка одговорност, разбирајќи дека недоразбрањето го чуваше во заложништво пријателството меѓу двете земји, како и евроатланскот пат на Северна Македонија“, рекол Ручи. 

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе