Во парламентот

Албанија попушти пред Софија, призна и бугарско малцинство

Албанскиот Парламент по повеќечасовна расправа синоќа го усвои Законот за заштита на малцинствата. Предлот-законот го подржаа 102 пратеници, 10 беа против и еден возржан. 

Со усвоениот закон, за разлика од првичната верзија, со која се признаваа осум национални малцинства Македонци, Власи, Грци, Египќани, Срби, Бошњаци, Црногорци и Роми, внесено е постоењето и на бугарско национално малцинство. Претседателот на македонското друштво „Илинден“,Никола Ѓурѓај во изјава за МИА рекол дека е незадоволен од ваквиот однос на албанските власти.

„Албанските власти се свесни дека грешат, но потклекнаа пред заканите на Бугарија за ставање вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ. Во Албанија, според сите пописи на населението, немало бугарско малцинство. Баравме од пратениците да не се прфаќа, зашто тоа не е во интерес само на македонското малцинство, туку исто така е национален интерес на Албанија да не го прифаќа имагинарното бугарско малцинство, зашто утре последиците ќе бидат многу сериозни за Албанија. За сѐ нешто ќе биде уценувана од Бугарија. Но ете се случи и тоа што најмалку го очекувавме.Ова е геноциц врз Македонците и деформација на историјата и на вистината пред очите на Европа“, оценува Ѓурѓај.

И друштвото, но и единствената македонска партија, МАЕИ, остро реагираа и бараа да не се прзинава бугарско малцинство, зашто, како што истакнуваат, во Албанија единствено живеат Македонци, а не Бугари, пренесува МИА.

Инаку, најгласен против текстот на законот беше пратеникот Вангел Дуле, од грчкото малцинство, кој смета дека законот не е во согласност со меѓународните конвенции.

„Се карактеризира со фобија и сеќавања на Студената војна. Мисијата на овој закон не е исполнета и со некои членови се враќаме назад“, рече Дуле.

Според премиерот Еди Рама, ова е пример за другите земји за почитување на малцинствата.

“Новиот закон го прави овој парламент горд, а другите околу нас можат да научат од него како се почитуваат малцинствата”, изјави Рама.

Неодамна шефот на дипломатијата Дитмир Бушати го отфрли барањето за признавање бугарско малцнство во неговата земја, велејќи дека ова поглавје е завршено и оти поседувањето пасош на друга држава не значи и етнички идентитет.

„Многу Албанци имаат италјански пасоши. Тоа не значи дека Италија треба да бара свое национално малцинство во Албанија“, рече тогаш Бушати.

Сега Бушати рече дека документот воопшто не врши дискриминација на малцинствата, туку ја покажува вистинската слика во Албанија.

 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе