Од 1 јуни

Албанија ќе ги отвори границите за Албанците од регионот

Албанија од 1 јуни ќе ги отвори копнените граници со соседните земји за сите Албанци од Македонија, Косово и Црна Гора, без оглед какви пасоши имаат, најави албанскиот премиер Еди Рама.

„Преземаме чекори во согласност со добро промислен план и тоа не го правиме постепено, туку напротив. Подготвени сме повторно да ги отвориме нашите копнени граници“, изјави Рама.

Тој нагласи дека Албанија е успешна приказна во глобалната војна со коронавирусот и најави дека наскоро ќе се отворат и плажите.

„Хотелите ќе можат да ги отворат своите приватни плажи на 1 јуни, додека од 10 јуни се отвораат и јавните плажи“, кажа Рама.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе