МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Aлаѓозовски ќе ги прегледува трошењата на Канческа од службените картички

Одделението за внатрешна ревизија при Министерството за култура детално ќе го испита трошењето средства од службените картички од 2011 година досега. Доколку се утврдат пропусти и неправилности, за нив ќе бидат известени надлежните органи, што се задолжени за понатамошно постапување и покренување соодветни пријави против сите инволвирани лица, соопшти Министерството за култура.

Најавата за детално испитување на трошоците е дел од конкретните активности на Министерството за култура откако објави информации од јавен карактер за трошоците преку службените картички на носителите на највисоки функции во структурите на овој ресор од 2011 година досега. Од Министерството за култура велат дека веќе се преземаат конкретни активности за утврдување на начинот на кој биле користени картички од страна на функционерите и сите овластени лица од нивните кабинети во овој ресор за тој период.

„Би сакале да ја потсетиме јавноста дека службените картички им биле доделени на функционерите за трошоци поврзани исклучиво со нивните службени активности и потреби во случај кога тоа е навистина неодложно, а не за лични потреби и трошоци“, се вели во соопштението на министерството.

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе