Во Охрид

Активностите не се шминка, експертите на УНЕСКО задоволни од планот на Владата, тврди Адеми

Mинистерот без ресор и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми по средбата со тројцата експерти од УНЕСКО кои се дојдени во Охрид да направат мониторинг на терен на севкупната состојба на Охридско – струшкото крајбрејжје, вели дека треба заеднички да се работи за да го сочуваме она што значи природно и културно наследство на Охридскиот регион.

„Експертите се задоволни дека оваа Влада има план и активности околу имплементација на нивните препораки”, рече Адеми.

Во однос на справувањето со дивоградбите како најгорлив проблем, Адеми изјави дека во врска со изработувањето на регистарот, прво експертската и стручна јавност треба да направи оценка на влијание врз животна средина, па врз таа основа да се пристапи кон рушење на спорните објекти.

„Во дел на надлежностите кои општините ги имаат, на Влада побаравме од Државниот инспекторат да направи обиколка и увид за да може државата да постапи. Извештај од увидот треба да го достават до следната владина седница. Апсолутно не се калкулира предизборно, процесот мора да се исполни. Дивоградбите се најчувствителниот сегмент, бидејќи постојат закони, судови, управни постапки кои се започнати. Сакаме сé да биде според закон”, рече Адеми.

Во врска со воведениот мораториум за градба, мнеговиот став е дека не треба да биде укинат сè додека не се усогласи планот со законската регулатива.

Министерот Адеми не се согласува со наводите на екологистите дека преземените активности се само шминка и дека ќе побараат во јуни Охрид да биде ставен на листата загрозени подрачја, бидејќи како што рече, сите активности се видливи, а екологистите на средбата со УНЕСКО истакнале дека Владата им прифатила дел од забелешките при изработка на Планот.

„Не мислам дека се прави шминка, не е шминка санацијата на колекторот, формирањето на комитетот, планот е усвоен. Вклучително сами тие според информација од експертите на средба со нив ја пофалиле Владата дека ги прифатила голем дел од нивните препораки и коментари кои ги дале на планот и тоа го поздравија како начин на комуникација меѓу централната власт и невладиниот сектор. Факт е дека сите препораки не се исполнети, но апсолутно не е шминка што покажуваат активностите на терен”, вели Адеми.

Тројца експерти на УНЕСКО од вчера се во Охрид и се прави увид на дивоградбите, колекторскиот систем, шанковите и плажите покрај езерото, како и струшкиот појас со трска, а предвидена е и средба со претставници на охридскиот Завод и музеј. 

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе