Тетово

Активист на Беса повикан во полиција во врска со знаците „Јавна куќа ДУИ“

Попладнево на информативен разговор во полициската станица во Тетово бил повикан Артан Етеми, активист на Беса. Причина за информативниот разговор биле поставните знаци на десетина места во Тетово на кои пишувало „Јавна куќа ДУИ 1.000 м“.

Претседателот на Беса, Билал Касами поради повикувањето на активистот дојде во тетовската полиција за да бара објаснување. Тој во изјава за локалната телевизија Коха од Тетово, истакна дека полицијата во Тетово, треба да ги брани активистите, а не криминалците.

„Ова се случува кога политичките партии, кога власта оди на погрешен пат. Наместо да се занимаваат со заштита на граѓаните, наместо да им служи на граѓаните, се занимаваат со заштита на криминална група, која функционира како паралелна група во ДУИ“, рече Касами по напуштањето на полициската станица во Тетово заедно со активистот Артан Етеми, јави Тетовоинфо.мк.

Инаку на социјалните мрежи „Младинско движење“ објави дека тие ги поставиле знаците и налепниците со натпис „Јавна куќа ДУИ“.

СВР Тетово соопшти дека непознати лица на 10 локации, односно по кружните текови низ градот, на метални столбови и на сообраќајни знаци поставиле постери со понижувачка содржина насочена против политичката партија ДУИ.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе