Во интервју за МИА

Ако владата на ВМРО-ДПМНЕ предложила закон за јазиците, не треба сега да се откажува

Ако ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека е оправдано што во минатото токму Владата со која ВМРО-ДПМНЕ управуваше предложила Закон за употреба на јазикот, не би требало и не би било во ред сега да се откажува од тоа решение и од законот, со кој се гарантира рамноправност на јазиците во Македонија, вели европратеникот и известувач на ЕП за Македонија Иво Вајгл во интервју за МИА.

„Мислам дека тоа е еден од предусловите за соживот и соработка во сите држави што имаат повеќенационален состав. Јас мислам дека во минатото имаше доста грешки направени и во односите помеѓу мнозинскиот народ и малцинскиот јазик и не би требало Македонија да се врати на точката на која беше пред Охридскиот договор и по она што го покажаа последните парламентарни избори, дека соработката помеѓу мнозинскиот народ и малцинскиот народ е можна и неопходна“, изјави Вајгл.

„Мислам дека меѓуетничките односи се многу значајни, а тој закон всушност го отсликува тој однос, не смее да стане проблем со кој македонските државјани, македонското општество ќе се дели.“

Владата треба да направи сè што може за да ја одоброволи опозицијата за конструктивна соработка, смета Вајгл и истакнува дека општата политичка ситуација во Македонија по конституирањето на парламентот и на Владата е во нагорна линија.

„Нема сомнеж дека е од големо значење тоа што Владата стапи во многу продуктивен и одлучен дијалог со соседите, дека ги постави на нови темели односите со Бугарија. Исто така, може да се оцени и како успешен дијалогот што се води со Грција, иако засега сè уште е тешко да се зборува за резултат, односно дали тој дијалог, кој е пријателски и отворен, води кон конечно решение на спорот за името, односно околу историските прашања“, вели Вајгл.

Што се однесува на внатрешната ситуација, Вајгл смета дека недостига конструктивна соработка на сите партии што се застапени во парламентот и дека ВМРО-ДПМНЕ сè уште е најсилната партија во Македонија и во Парламентот, па треба да ја преземе одговорноста, заедно со Владата, за општиот прогрес на Македонија.

„Не смее да се затвори во своите ѕидови, туку треба конструктивно да соработува со Владата... Се разбира, мислам дека е многу важно да се каже дека треба и Владата да направи сè што може за да ја одоброволи опозицијата за таква конструктивна соработка“, вели Вајгл.

Што се однесува на евроинтеграциите, тој смета дека е оправдано да се очекува Македонија да има шанса во 2018 година да добие препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ.

„Можам да кажам дека Европскиот парламент во неколку наврати, кога ги усвојувавме нашите годишни извештаи за напредокот на Македонија, веќе беше со став дека треба на Македонија да ѝ се овозможи да почне сериозни и конкретни разговори за своето влегување во ЕУ.

Мислам дека би било оправдано да се очекува таквата одлука за почетокот на преговорите да се донесе уште оваа година... и се разбира, одлуката за тоа ја носи Европскиот совет, значи таму каде што се шефовите на владите и на државите во ЕУ. Самиот факт зборува дека Македонија мора и натаму да настојува да соработува со сите држави членки, особено и со оние со кои постојат некои отворени прашања.

Што се однесува до Парламентот, ние секако ќе го поддржиме ставот да ѝ се овозможи на Македонија напредок и јас лично сакам да кажам дека не би можел да се согласам со никаква идеја да се прави ранг-листа меѓу државите кандидатки. Македонија 10 и повеќе години беше оценувана како најнапредна, како најдобра држава кандидатка. Таа не може денеска да биде деградирана со статус на некоја второстепена држава кандидатка. Ние за ова ќе дадеме многу јасна порака во Европскиот парламент кога ќе разговараме за Стратегијата на проширување на ЕУ што ќе ни ја презентира Европската комисија“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе