ПРЕД ВЛАДИНАТА ЗГРАДА

„Ако она каже колку кошта, ние ќе губиме“ Груевски и Бонева се договараат за заташкување на потрошеното за Скопје 2014

„Се разобличува целото злосторничко владеење на Никола Груевски. Груевски признава дека државата веќе нема пари, па за некои објекти наместо мермер препорачува да се вградува некаков специјален малтер, што личи на мермер, а не е мермер“, рече Дамјан Манчевски, потпретседателот на СДСМ денеска пред владината зграда. 

Од дел од разговорите се слуша како Никола Груевски и Силвана Бонева се договараат на седница на која се очекуваат прашања за проектот Скопје 2014 да не присуствува министерката за култура Канческа, зашто „ако она каже колку кошта проектот, ние ќе губиме“, вели премиерот, „а и ако не дојде, пак е лошо, но нема до толку да се сведе само за пари“, се согласуваат обајцата на крајот од разговорот.

По завршувањето на објавувањето на аудиоснимките, пред Владата е во тек трибината за проектот Скопје 2014. Во Кампот на слободата ќе дебатираат Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, Елеонора Петрова Митевска, универзитетска професорка, Даница Павловска, иницијатива „Го сакам ГТЦ”, Небојша Вилиќ, универзитетски професор, Владимир Вангелов, граѓански активист, Александар Вујиќ, граѓански активист, и Роберт Алаѓозовски, есеист и критичар.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе