Ако не се одложи пописот Левица ќе повика на бојкот

Левица започнува кампања за одложување на пописот, а доколку не се одложи, ќе повика на бојкот, соопшти денеска пратеникот од Левица, Борислав Крмов.

„Ние бараме пописот да се одложи на 12 месеци, односно за април 2022 и да се донесе комплетно нов закон кој ќе биде донесен со широк консензус од партиите во Собранието“, изјави Крмов.

Тој додава дека ако пописот не биде одложен, Левица ќе повика на бојкот на пописот, под мотото „Не отворам врата“, кое што веќе го објави на официјалната Фејсбук страница на партијата.

Крмов во изјавата во Собранието изнесе неколку аргументи за одложување на пописот.

„Од политички аспект овој закон беше донесен без политички консензус, насила беше протуркан во Собранието. Во него исто така не се дефинирани лични документи и има паушална дефиниција за место на живеење. Друг аргумент е што може трето лице да дава лични податоци коишто се заштитени со меѓународни конвенции и законот е спротивен на повеќе членови на Уставот“, рече Крмов, додавајќи дека не може да се турка ваков процес на сила во време кога земјава има една од највисоките смртности од ковид-19 во регионот и секој ден има се повеќе заболени.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе