Премиерот со одговор на пратенички предлог од Милошоски

Ако ме каните заедно со Заев, поканете го и оној премиер кој е во странство, рече Ковачевски

Aко на собраниска седница ме каните мене и мојот претходник Зоран Заев, поканете го и поранешниот премиер кој избега во страство, му одговори премиерот Димитар Ковачевски на пратеникот Антонијо Милошоски кој предложи во Собранието да се разговара за францускиот предлог и кој предложи формат од сегашни и бивши владини функционери инволвирани во процесот на преговори со ЕУ и со Бугарија. 

Пратеникот Антонијо Милошоски, кој е и претседател на собраниската комисија за надворешна политика на денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања побара од премиерот Димитар Ковачевски пред пратениците да се дискутира за преговорите со Бугарија. Милошоски предложи Ковачевски да дојде заедно со министерот Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ, но и со пореанешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров, како политичари кои воделе преговори и кои се запознати со детали.

Пратеникот рече дека работа на Ковачевски ќе биде дали таа седница да биде јавна или затворена за јавноста, во зависност од доверливоста на содржината на разговорите. Милошоски рече дека е добро да се направи споредба меѓу предлозите на португалското и француското претседателство со ЕУ за кревање на бугарското вето.

На тоа премиерот Ковачевски одговори дека нема да има ништо против во Собранието да се свика таква седница, но му забележа на Милошоски:

„Ако барате таква седница треба и претходни премиери да се повикаат, па и претедатели и сите кои биле министри за надворешни работи, а не вака селективно да предлагате. Еден од тие премиери е во странство, ама од него може да се очекува писмено да се обрати".

Ковачевски притоа рече дека државата не постои од пред неколку месеци, туку дека има долг континуитет со Европската Унија и долгогодишен статус на земја кандидат, оттука и повеќемина премиери и министри кои биле ангажирани во евроинтегративниот процес.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе