Реакција

Академик Ќулафкова: Пописот е бескрупулозен инженеринг против македонскиот народ и нација

Гледам повторно се релативизираат фактите и се шират невистини во врска со пописот на населението во Македонија. Во формуларот за пописот не постои графа народ, ни националност, туку само етничка заедница, се вели во денешниот фејсбук-пост на академик Катица Ќулафкова.

„Македонскиот народ, конститутивен на Република Македонија, е изедначен со некогашните националности или малцинства во Р. Македонија, заправо уште на понизок ранг, денес е само една од многуте етнички заедници (имплицитно и јазични, верски и др.), чијшто број и статус се менува во Уставот на Северна. Тоа што попишувачите прашуваат љубезно национална припадност, не значи ништо освен пописна мимикрија. А вие кои лажно го интерпретирате концептот на пописот, како од гледна точка на национална припадност, така и од гледна точка на бројните суштински малверзации кои се спротивни на меѓународните стандарди за попис на резидентното население (а не на фиктивни, отсутни и фалшиви информации), само учествувате во овој бескрупулозен инженеринг против македонскиот народ и против македонската нација во исто време“, напиша Ќулафкова.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе