Реакција

Aкадемик Ќулавкова: Се менува идентитетот на државата, сега ќе има два државни јазика и тоа менува и повредува многу нешта

Трагично е кога ќе си го смениш идентитетот на државата сам, дома, однатре, со тапија, реагираше академик Катица Ќулавкова по донесувањето на Законот за употребата на јазиците.

„Го отуѓуваат неотуѓивото и згора на тоа се арогантни… Идентитетот на државата РМ се менува и статусот на нејзиниот конститутивен народ и државен јазик... Се гледа дека не сте го читале законот. Сите јазични права и досега ги имаа македонските Албанци, ама македонскиот беше единствен државен, а сега ќе има два државни јазика и тоа менува и повредува многу нешта... Македонци, народ кој ја подрива својата традиција, а ја велича туѓата...“

Ова се само дел од реакциите на Ќулавкова, која минатиот месец заедно со професорките Гордана Силјановска-Давкова од Правниот факултет во Скопје и Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, упатија отворено писмо против Законот за употреба на јазиците.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе