Реакција

Академик Ќулавкова: Од врвот си патиме

Според однесувањето на политичкиот врв, испаѓа дека Македонија нема свој национален интерес, туку се жртвува за заштита на националните интереси на соседите и пошироко, реагира академок Катица Ќулавкова на последните изјави на македонскиот државен врв во однос на барањата на Бугарија. 

„Ниту ја почитува референдумската волја на мнозинството Македонци, ниту се грижи за македонското малцинство во соседните и другите држави, ниту побара осуда на геноцидот над Македонците во Егејска Македонија, ниту побара извинување за окупацијата 1941-1944, ниту ги заштити своите древни топоними, ни својата историја, ни својата сувереност, ни своите бранители, ниту се пожали што Бугарија изнудува изјава за бугарско потекло и идентитет на Македонците кои бараат бугарски пасош, сето тоа во име на некакви утописки европски вредности! Сега и туѓи војски непречено можат да престојуваат на македонска територија, и на туѓи граѓани Македонија им обезбедува домови, и својата историја сама си ја фалсификува, со помош на државниот врв... Од врвот си патиме“, напиша Ќулавкова на својот фејсбук-профил.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе