„АЈДЕ“ повикува на протест: Да го одбраниме Уставот од Уставен суд

Уставниот суд денеска застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори, Во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за помилување, поточно за претходната забрана претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности, стои во повикот на платформата „АЈДЕ“ за денешниот протест пред Уставен суд во 17:30 часот. 

„Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување. 
Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални ’кожи’ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок. Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот.

На судиите кои се грижат единствено за спасување на своите наредбодавци, ќе им порачаме, јасно, гласно и решително, дека тие се одговорни пред сите нас - граѓаните на оваа држава и дека не можат и не смеат да го газат Уставот секогаш кога тоа ѝ одговара на владејачката партијата или секогаш кога ќе треба да се спасуваат криминалците во власта. НЕМА ПРАВДА – НЕМА МИР!“, стои во соопштението-најава за денешниот протест.

Инаку, иницијативата за претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности денес од Уставниот суд беше прифатена со 5 гласа „за“ и 4 „против“.  

Овој предлог дојде по отворањето на случајот „Титаник“ од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој за злосторничко здружување и изборни манипулации се осомничени високи функционери на власта, меѓу кои и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.Од СЈО рекоа дека истрагата за овој случај продолжува и покрај одбивањето на судот на предлозите на специјалните обвинители за притвор на осомничените лица. 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе