„И не треба да ни е гајле што тоа се случува во ДУИ, всушност тоа си е нивен внатрешен проблем. Тоа што е непобитен факт е дека вакви разговори постоеле и претходно во ДУИ. Поточно, тие поединци кога не се избрани за избори или функции, се незадоволни и се групираат. Но, пред избори пак се обединуваат“, изјави Снопче за Лајм.
Тој додава дека и порано имало „огнена група“, но дека кога требало да се носи голема политичка одлука, како на пример за пописот на населението, гласале како што гласала ДУИ.
„Доколку држеа до принципите, ќе се приклучеа кон иницијативата против одложување на пописот што го бараа СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа беше на штета на Албанците“, изјави пратеникот Снопче.