Ахмети-Жбогар: Сите се одговорни за успешноста на процесот

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска имаше работна средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар на која што разговарале за процесот на уставните измени, системските реформи и воопшто околу политичката ситуација во земјата. 

Ахмети пред Жбогар ја истакнал својата загриженост за опструктивните струи во однос на Преспанскиот Договор и уставните измени. 

„Овие клучни моменти за земјата и регионот бараат посветеност од сите, институциите, политичките партии, граѓанското општество, медиумите и други. Овој процес е неповторлив и истиот е од апсолутна важност за обезбедување на нашиот евроатлантски пат”, изјавил Ахмети. 

Според него, за да се обезбеди успех на овој процес потребна е одговорност на секоја институција и на секоја индивидуа. 

На средбата, како што соопшти ДУИ, се разговарало и за системските реформи и помирувањето како поврзани процеси.

 

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе