По вчерашното потпишување на Указот

Aхмети Законот за јазиците го поздрави со фотографија со Иса Болетини, борецот за голема Албанија

„Ветивме, остваруваме". Ова беше вчерашната фејсбук порака на лидерот на ДУИ Али Ахмети по потпишувањето на Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците. Пораката беше илустрирана со слика од албанскиот херој Иса Болетини. Истата фотографија беше поставена на фејсбук профилот на Ахмети по повод албанскиот празник Денот на знамето, 28 Ноември. Кој е Болетини?

Болетини е албански националистички борец, кој кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, се борел против Отоманската империја и против српските и црногорски сили. Болетини е еден од најголемите борци за Голема Албанија.

Ликот на албанскиот херој Иса Болетини беше и на знамето кое со дрон леташе над стадионот во Белград на фудбалскиот натпревар помеѓу Србија и Албанија. На знамето беше и ликот на Исмаил Џемаили и карта на Голема Албанија.

По убиството во 1916 година Болетини бил погребан во Подгорица, но со финаниска помош од турската канцеларија за развој и соработка ТИКА во Приштина, со највисоки воени почести останките на Болетини беа пренесени на северот на Косово и закопани во меморијалниот центар во родното село Болетин.

Помоштта на Турција да го поттикне враќањето на албанскиот херој Иса Болетини во регионот отвора еден друга димензија на интересот на Турција во регионот – Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија.

Турција дава помош за промоцијата на верската идентификација, ги помага исламските верски заедници и обновата на културното наследство на Отоманската империја. Во Косово силна е и воената поддршка преку обука на косовските војници, а дипломатската поддршка доаѓа со барања за признавање на независноста на Косово. Турција помага и во унификација на образованието, на учењето во исламските верски заедници во регионот.

Споменик на Иса Болетини беше поставен и во општина Сарај во Скопје на 24 јануари 2016 година. „Ти го заслужуваш ова бидејќи го продолжи аманетот на тие што се бореле за албанските идеали“, изјави тогаш Ахмети. Споменикот беше поставен по повод стогодишнината од смртта на Болетини. „Добро е, да се види дека многумина ги продолжија твоите аманети насекаде каде што има Албанци. Многумина патеа затоа што те поддржаа, но, на крајот се оствари твојот сон“, рече тогаш лидерот на ДУИ.

                                                                                                 

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе