Ахмети за „Рекет“: Лична алчност на поединци, скандал, се разочарав!

Ова не е сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат, изјави денеска Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува збор за личната алчност на поединци. „Алчноста го уништува човекот“ е израз на нашиот народ со кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара“, рече Ахмети.

Тој во изјавата за актуелните состојби во земјава по посетата на гостиварските села Лакавица и Србиново ја потенцираше важноста од ветингот, што неговата паратија го турка во јавноста.

„Ветингот се обидуваме да го инсталираме подоглго време и тој да не биде само за обвинители, судии, туку и за сите политичари кои ќе раководат со државата. Тоа е еден вид скенер кој ќе ни покаже кои се идните раководители“, рече Ахмети.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе