Се огласи на Фејсбук

Ахмети: За негирање на Рамковниот, Преспанскиот, НАТО, ЕУ, Косово и албанскиот јазик овде нема место

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вчерашните настани во Собранието и неуспешниот обид за гласање недоверба на Владата се огласи преку Фејсбук со порака дека вчера преовладала свеста за прозападните вредности и за заедничките достигнувања.

„Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. Денес преовладуваше совеста за заеднички достигнувања, слобода, еднаквост, правда, добрососедство, евроатлантска ориентација на нашата земја и безбедна прозападна иднина.

На нашата земја ѝ треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот договор, Договорот од Преспа, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик – не може да има место овде. Како што кажав, нема да постапуваме со емоции ниту со еуфорија. Заедно засекогаш и секогаш!“, напиша Ахмети на Фејсбук.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе