Неизвесна средба

Ахмети за денеска на пладне ја закажа средбата, Села, Гаши и Касами не одат

Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши нема да одат на средбата на челниците на партиите од албанскиот политички блок што денеска напладне ја организира претседателот на ДУИ Али Ахмети. На средбата нема да оди ниту лидерот на Беса Билал Касами.

Ахмети ја планираше заедничката средба за денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, а покрај Села, Гаши и Ксами, поканет е и лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој досега не се изјасни јавно дали ќе присуствува.

Села и Гаши вчера информираа дека прифаќаат зедничка средба со лидерите на  партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо денеска, таа да се одржи на друг датум, по 17 август. Според нив, за да има суштински и плоден состанок, би било добро поканата да има предлог агенда, за да имаат појасна идеја за причината за неговото организирање.

И движењето Беса синоќа соопшти дека нејзиниот лидер Билал Касами нема да присуствува на лидерската средба. Беса предлага воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада.

 Од ДУИ, пак преку соопштение изразија благодарност до оние кои искажале интерес за учество на средбата и објавија агенда од неколку точки за кои би дискутирале партиските челници.

„Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат; Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со Заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели и разно“, се темите шти ги предлага ДУИ.

Од ДУИ не го коментираат откажувањето на Села, Гаши и Касами, но велат дека остануваат отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум за кој, како што наведуваат, би се договориле на денешната заедничка средба.

 Иницијативата на Ахмети за лидерски состанок на партиите од албанскиот политички блок, ја критикуваше претседателот на СДСМ Зоран Заев, оценувајќи ја како „притисок врз него и коалицијата Можеме за премиер по предлог на ДУИ“. За тоа дали средбата на лидерите на партиите на Албанците, може да влијае врз формирање на новото парламентарно мнозинство, Заев кажа дека е прерано да се даде каков било одговор на тоа.

Утрово ДУИ ги покани новинарите на средбата на лидерите албанските парламентарни политички партии во 12 часот во хотелот Парк во Скопје.

На пладне денеска претседателот на државата Стево Пендаровски најави дека ќе му го предаде мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе