Договор за владина коалиција

Ахмети: Владата ќе се кораководи од премиерот и првиот вицепремиер. Заев: Нема врзани потписи

Али Ахмети, на седницата на Централниот одбор на ДУИ на која беа потврдени кандидатите за министри рече дека со функциите во новата влада ќе испратат порака за заедничка држава и порака за рамноправност, но и дека со владата заеднички ќе раководат премиерот Зоран Заев и првиот вицепремиер Артан Груби. На ова одговори лидерот на СДСМ Зоран Заев со тврдење дека нема да има врзани потписи меѓу премиерот и првиот вицепремиер.

За прв вицепремиер договорено е да биде избран Артан Груби од ДУИ.

„Ние воспоставивме партнерство и последователно оваа влада ќе се кораководи од премиерот и од првиот вицепремиер и министер за политички систем преку консензуално одлучување како начело на ковладеењето. За прв пат во државата ќе се промовира и ќе се врши функцијата прв вицепремиер и оваа личност ќе биде еден од нас“, рече Ахмети и додаде дека овој договор е историски за заедничко раководење на идната влада.

Заев демантираше дека премиерот нема да може да донесе одлука без согласност од првиот вицепремиер. Дел од медиумите, сепак, протолкуваа дека изјавата на Ахмети значи консензуално одлучување во новата влада.

„Нема да има врзани потписи меѓу премиерот и првиот вицепремиер. Прв вицепремиер значи оној што го менува Заев кога е отсутен за водење седница или прием на делегација и слично. Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи или слично. Во идната Влада планирам да има четворица вицепремиери, тројца на предлог на СДСМ, а еден е од вториот партнер по големина ДУИ, кој ќе биде именуван како прв вицепремиер. Ова е за подобра координација меѓу двете политички партии во делот на преземањето на одговорноста и честа којашто се дава од граѓаните, а со цел ефикасни и ефективни одлуки. Именувањето прв вицепремиер е за да дадеме важност на функцијата“, рече Заев.

Тој додаде дека СДСМ и ДУИ веќе ги усогласуваат изборните платформи во заедничка четиригодишна владина програма. Приоритети ќе бидат јакнење на економскиот стандард, прочистување на судството, проверка на потеклото на имотот и парите на функционерите, како и борбата со коронавирусот, борбата против корупцијата и заштитата на околината.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе