Клик плус ТВ 21

Ахмети вели дека Македонија и Бугарија размениле понуди и документи

До крајот на годинава ќе има добри вести од Софија во врска со спорот со Македонија, изјави синоќа за ТВ 21 Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

„Надминувањето на недоразбирањата меѓу двете земји е прашање на време. Не мислам дека е време да споделувам со јвноста за понудите или последните документи кои се разменети. Ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија“, рече Ахмети и додаде дека е убеден дека од ангажманот на  министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе има резултати.

„Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото, дека ќе стоиме рамо до рамо заедно, и во решавање на овој спор. Ова е клучен историски момент да се види дека оваа земја има министер за надворешни работи и за работата што ја сработи и за зрелоста, му честитам“, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ оцени дека судењето против водачите на ОВК во Хаг е тажен момент за сите Албанци, затоа што на обвинителна клупа, како што вели, е нивната историја.

Ахмети за можната интерпелација поднесена од пратеници на ДУИ рече дека нема загриженост за тие гласини. Во Собранието се шпекулира дека пратеникот на ДУИ Изет Меџити може да поднесе интерпелација против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно господинот Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена“, изјави Ахмети.

Во однос на најавата на Блерим Беџети дека е можно да има интерпелација, Ахмети со став дека опозицијата покренува интерпелација, а за можноста тоа да биде покренато од некој од неговите сопартијци вели „зошто да не, демократија е … “.

Сепак, Ахмети, посочи дека не очекува никој од неговата партија да се приклучи на опозицијата во интерпелацијата.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе