Лидерот на ДУИ за коридорите 8 и 10

Ахмети: Реалност станува националниот прстен Тирана - Скопје - Приштина

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук - профил објави дека веќе нема законски пречки за изградба на коридорите 8 и 10 и оцени дека  „националниот прстен Тирана - Скопје - Приштина, многу скоро ќе биде реалност.

„Со задоволство ја споделувам одличната вест дека за Коридорот 8 и Коридорот 10 веќе нема никакви законски пречки на патот до нивна реализација. Уставниот суд ја донесе конечната пресуда за правната исправност на постапката за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата со познатата градежна компанија Бехтел - Енка.

Прстенот на нацијата Тирана - Скопје - Приштина, многу наскоро реалност“, напиша Ахмети и сподели илустрација на својата фејсбук објава.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе