„Со задоволство ја споделувам одличната вест дека за Коридорот 8 и Коридорот 10 веќе нема никакви законски пречки на патот до нивна реализација. Уставниот суд ја донесе конечната пресуда за правната исправност на постапката за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата со познатата градежна компанија Бехтел - Енка.
Прстенот на нацијата Тирана - Скопје - Приштина, многу наскоро реалност“, напиша Ахмети и сподели илустрација на својата фејсбук објава.