Ахмети: Проблемот со СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии

Проблемот со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да го решаваат двете најголеми македонски партии, изјави денеска претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети. Тој додаде дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата.

„Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Го поддржуваме законот, ги поддржуваме сите реформи во судството. Неопходно е во оваа држава да има ветинг, да има проверување на кадрите посебно на тие што се задолжени за чување на редот и мирот, бидејќи само така ќе бидеме поуспешни во борбата против криминалот и корупцијата“, изјави Ахмети одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на спортска сала во ОУ „Реџеп Вока“ во Шипковица.

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе