Ахмети повикан во Специјалниот суд во Хаг

Претседателот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг.

„Да, вистина е дека сум добил покана од Специјалниот суд во Хаг и ќе одам“, изјави Ахмети за ТВ 21. Тој во Судот во Хаг, според ТВ 21, ќе се појави во својство на сведок.

Минатата недела во Судот во Хаг, беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово.

Засега нема информација дали поканата за Ахмети има врска со исказот на Тачи.

Освен за претседателот на Косово Хашим Тачи, Специјалниот Суд во Хаг, покрена обвинение и за Кадри Весели, претседателот на ДПК, кој во време на воениот конфликт па се до 2008 ја вршеше функцијата директорот Инфорамативната служба на Косово. Освен овие лица, во списокот на обвинети на Специјалниот суд, според косовските медиуми се и други високи функционери на ОВК. 

„Владеењето на правото и постигнувањето вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност. Затоа ве известувам дека Специјалното обвинителство на Косово, ме покани да сведочам како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот. Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг. Отсекогаш сум се залагал за неселективна правда и им стојам на располагање на правосудните органи како сведок на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ“, пишува Ахмети на ФБ.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе