Лидерот на ДУИ со изјава на локација меѓу Ропае и Матејче

Ахмети повика на ветинг на функционерите и борба со корупцијата

Повикувам на општа борба против корупцијата и на проверка на секој именуван функционер во државата, тоа е единствениот начин да создадеме подобро утре за граѓаните и земјава да ја доближиме до членство во ЕУ, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во општина Липково каде посети неколку локации и пресече лента на патот Ропае - Матејче. Во врска со разговорите за влез на Алијанса за Албанците во Владата Ахмети оцени дека тоа може да придонесе за стабилност на владејачкото мнозинство.

Ахмети, придружуван од својот сопартиец Артан Груби, во општината Липково рече дека за него беше најдобро со посета на Липково да се започне со одбележувањето на Денот на албанската азбука.

„Тоа е  местото кое ѝ даде многу на националната кауза“, нагласи Ахмети.

Тој посади дрвце на „Плоштадот на мачениците“ во Матејче, им одаде почит на борците од ОНА на селските гробишта, а потоа го посети регулираното речно корито.

„Мора сите напорно да работиме за унапредување на животот во секое место во државава“, нагласи лидерот на ДУИ.

Во врска со преговорите за влез на Алијанса за Албанците во Владата Ахмети рече дека нема ништо конкретно на тој план зашто „станува збор за почетни средби на кои ништо не е дефинирано“. Според него, влегувањето на Алијанса би значело придонес за стабилноста на стабилност на парламентарното мнозинство, „доколку има позитивен епилог целиот процес".

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе