Ахмети: Одлука за датум за избори по информациите од надлежните институции

Останува идната недела да имаме уште една средба за да се добијат потребните информации од соодветните надлежни институции и повторно да се собереме и да одлучиме за наредниот датум за избори.

Ова го истакна претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети по лидерската средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски за договарање нов датум за парламентарните избори.

„Во воена состојба сме со невидлив непријател, во воена состојба збор имаат генералите, а во овој случај генералите се лекарите и епидемиолозите кои прават анализи и даваат препораки и за кои апелирам сите граѓани да ги почитуваат без разлика на нивната етничка припадност за да ја добиеме оваа глобална војна“, рече Ахмети

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе