Ахмети од Кичево: Идејата за премиер Албанец е во интерес на еднаквоста

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во Кичево пред членовите и симпатизерите на партијата го претстави Насер Зибери, кандидатот што го номинираше ДУИ за прв премиер Албанец, на парламентарните избори што ќе се одржат на 15 јули.

На собирот присуствуваше и носителот на изборната листа во ИЕ број пет од редовите на ДУИ Талат Џафери, како и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари како претседател на локалниот изборен штаб на ДУИ.

Ахмети во оваа прилика упати честитка до САД за денот на независноста и посочи дека ќе продолжат со унапредување на албанците, овој пат преку идејата за прв премиер албанец на нашата земја.

Оваа земја имала нобеловци албанци како што се Мајка Тереза и Ферди Мурати. Со нив нашата земја се гордее како што ќе се гордее и со премиерот албанец бидеќи тој ќе работи во интерес на сите кои живеат во оваа држава. Имаше противење и во времето на изборот на Дехари за градоначалник на Кичево но денеска сите увидоа дека во Кичево се живее сложно, без разлика на етникумот кому му припаѓаат. Затоа и оваа наша најнова идеја ќе биде во интерес на еднаквоста се разбира ние ќе продолжиме и во други сфери за да работиме во интерес на сите граѓани, рече меѓу другото Ахмети во Кичево.

Талат Џафери истакна дека најпрвин треба да го зачуваме нашето здравје. Тој ги повика учеснициите на собирот да ја поддржат идејата за прв премиер албанец бидеќи, како што додаде, „ние сме народ кој не го заборава минатото, и токму поради тој факт народот ќе ги поддржи нивните синови".

Според Насер Зибери оваа нивна идеја произлегла за да ги победи антагонизмите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. – Ако имаме намера да бидеме европска земја тогаш заедно рамноправно ќе се бориме за правда и рамноправност. Во една химна која не исклучува можеме ли да бидеме рамноправни, па оттука големата идеја на Али Ахмети да ги надминеме и последните бариери за рамноправност. Оваа идеја е во интерес на граѓаните па затоа ќе победиме и ќе ја реализираме, рече Зибери.

Присутните ги поздрави и градоначалникот Дехари, кој рече дека големите идеи потекнуваат од овој плоштад, од синот на овој град и дека оваа идеја ќе победи.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе